Третото издание на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“ дојде до самиот крај, односно до финалната разврска.
Финалните возбудувања започнуваат во 21 часот и 30 минути со малото финале помеѓу Мистер И и Санитарија Грини. Потоа следува настап на културно уметничката ѕвезда Елена Велевска.
Големото финале на програмата е во 23 часот и 15 минути, а силите ќе ги одмерат екипите на Екипите на Бел Мерцедес, и Златара Бонасера и Адвокатска канцеларија Шајн.
Севкупниот награден фонд на турнирот изнесува 280 000 денари. Покрај паричните награди има признанија за најдобриот стрелец и голман.
OhridNews