Феникс Санс рано утрово го совлада Милвоки бакс со 118:105 во првиот натпревар од големото финале во НБА-лигата.
Клубот од Аризона, предводен од Крис Пол (32 поена) и Девин Букер (27 поени), поведе со 1-0 во серијата прв до четири победи.
Во поразениот тим се истакна Крис Мидлтон со 29 поени, првата ѕвезда, Јанис Адетокунбо кој се врати по повредата на коленото, средбата ја заврши со 20 поени и 17 скока.
Следниот натпревар ќе се одржи на 9 јули, повторно на теренот на Феникс.
OhridNews