Училишната лига во футсал за основни училишта од охридскиот стигна до самата завршницата. Во „Билјанини Извори“ ќе се одиграат финалните мечеви по кои ќе дознае победникот за оваа сезона.


За првото место во финалето ќе се борат екипите на О.У. Ванчо Николески и О.У. Св.Наум Охридски кои триумфираа во полуфиналето против О.У. Братство Единство на пенали (4-3)односно О.У. Григор Прличев 0-2.

Во малото финале ко е прво на програмата и започнува во 12:30 часот ќе се сретнат поразените во полуфиналето О.У.Братство Единство и О.У.Григор Прличев.

Во натпреварот за петто место помеѓу екипите на О.У. Св.Наум Охридски и О.У. Живко Чинго со резултат 1:3 беше екипата на О.У. Живко Чинго.

Предходно во натпреварот за седмо место помеѓу екипите на О.У. Христо Узунов и О.У.Кочо Рацин победник со резултат 3:0 беше екипата на О.У.Христо Узунов.

Училишната лига во футсал за основни училишта и оваа година беше во организација на Сојузот за училиштен спорт-Охрид, кој оваа година го прославува својот 20 годишен јубилеј од своето постоење и работа, под покровителство на локалната самоуправа и градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески кои ќе обезбедат и доделат дипломи, медали и пригодни награди за победниците.

Ohridnews