Денес и утре, во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се одржи завршниот турнир во Младинската ракометна лига. На Ф4 турнирот ќе учествуваат охридскиот ракометен клуб, Струга и КЛ7 од Струга и скопски Металург.
Возбудувањата на завршниот турнир започнуваат денеска со полуфиналните мечеви. Први на мегдан ќе излезат екипите на Струга – Металург во 17 часот, а во 19 часот силите ќе ги одмерат Охрид и КЛ7.
В недела во 15:30 часот ќе се одигра мечот за трето место, додека финалето е закажано за 17:30 часот.
Цената на билетот за двата полуфинални натпревари чини 100 денари, а влезници можат да се купат на билетарата од СРЦ „Билјанини Извори“.
OhridNews