Лигата на нации денеска ќе добие нов шампион. Во големото финале што се игра од 20:45 часот на „Џузепе Меаца“ во Милано, Франција и Шпанија ќе се борат за нов владател во Лигата на нации, кој ќе ја замени Португалија, која го освои првото издание на новото натпреварување под капата на УЕФА.
Претходно, во 15 часот, во Торино, во борбата за третото место ќе се сретнат селекциите на Италија и Белгија.
Г.М.
Фото: УЕФА