Финалните натпревари по кои ќе се знаат освојувачите на медалите дојдоа на менито на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2017“.
Вечерашната програма ќе започне во 21 часот со малото финале во кое ќе се сретнат минатогодишниот првак АСП Пак и изненадувањео на турнирот, Ајдиноски Инженеринг. 13-то издание на турнирот ќе заврши со финалниот натпревар помеѓу Кадмо и Мистер И кој е закажан за 22 часот.
Наградниот фонд на овогодинешниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2017“ изнесува 120.000ден. Победникот ќе добие 70 000 денари, второпласираниот 30 000 денари, бронзениот 15 000 денари и четвртопласираниот 5 000 денари. Организаторите обезбедија индивидуални награди за најдобриот играч и голман.
OhridNews