Вечерва, на турнирот во мал фудбал „Драслајца 2019“ кој се одржува по повод големиот празник „Успение на пресвета Богодорица“ ќе се одиграа натпреварите по кои ќе бидат познати освојувачите на медалите.
Во малото финале во 20 часот и 30 минути ќе се сретнат екипите Искра – Дооел Ноче, додека големото финале силите ќе ги одмерат АСП Пак – Еуро Стил.
АСП Пак пласман во финалето обезбеди после триумфот над Искран со 3-0, додека Еуро Стил во полуфиналната пресметка славеше против Дооел Ноче со 3-1.
OhridNews