Шампионот од 2014 година, АСП Пак и вицепрвакот од минатогодишното издание, Кадмо ќе се судрат во финалето (22ч) од 12-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2016“.
Средбата во мечот за златото нема да биде прва за двете екипи на турнирот, откако еднаш ги одмерија силите во групната фаза, а победи АСП Пак.
Големото финале на турнирот ќе го најават екипите на Мешеишта и Мистер И во 21 часот со натпреварот за третото место.
Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 140 000 денари, а има и индивидуални награди за најдобар играч и голман.
OhridNews