43-то издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга дојде до самиот крај и на програмата се финалните мечеви.


Во големото финале ќе се сретнат екипите на Динамо Букурешт и Сесон Ренс, а мечот ќе се одигра во 21 часот.

Претходно македонскиот преставник Струмица во мечот за третото место (19:45ч) силите ќе ги одмери со тимот на Бенфика, а програмата ќе ја отворат екипите Бешикташ-Ал Замалек кои ќе се сретнат во 18 часот.

Приматот шампион на ракометниот во Струга, Динамо или Сесон ќе го земе од Металург кој беше трикратен првак.

Ohridnews