Возбудувањата на 48-то издание од Ракометниот турнир во Струга дојдоа до самиот крај и завршниот чин, во кој ќе се распределат медалите и ќе се дефинира конечниот пласман.

 

Сите очи ќе бидат вперени во финалето, каде годинава силите ќе ги одмерат двете најдобри екипи на турнирот и воопшто во македонскиот ракомет Вардар – Еурофарм Пелистер. Скопјани и битолчани до финалето стигнаа со три победи во исто толку натпревари, а, вистински тест за екипите е финалниот натпревар. Мечот се игра во 21 часот и 15 минути.

Малото финале ќе биде исто така интересно, бидејќи ќе се сретнат најдобрите екипи од Супер лигата, Охрид – Металург. „Гладијаторите“ минатата сезона покажаа дека можат да се носат со Металург, а, годинава сигурно ќе сакаат и медал од турнирот во Струга.

Во мечот за петтата позиција ќе се судрат Бутел Скопје – Прилеп, додека разигрувањето стартува утрово (10ч) со дуелот помеѓу домаќинот Струга и Еурофарм Работник 2 за пласман на седмата позиција.

OhridNews