Јубилејното петто издание на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“ дојде до самиот крај. На програмата во вторник се полуфиналните натпревари со кои почнува финалната разврска околу медалите.


Полуфиналните пресметки ќе започнат во 20:45 часот, а ќе ги отворат екипите на Леонардо Пица – Кадмо. Еден час подоцна ќе се одигра второто полуфинале каде силите ќе ги одмерат Викса Пром – АСП Пак.

Победниците од полуфиналните натпревари в четврток во големото финале ќе се борат за паричната награда, која годинава достигна 70 000 денари.

Во најавата за финалето ќе се сретнат поразените екипи од полуфиналните мечеви во борбата за третата позиција.

Второпласираниот на турнирот ќе добие парична награда 35 000, третопласираниот 15 000, а четвртиот 5 000 денари.

Ohridnews