Вечерва, со почеток во 20 часот и 30 минути на програмата е финалната разврска на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јован Стојаноски 2019“, кој се одржува во СРЦ „Климент Колески“.

Возбудувањата на теренот со вештачка трева ќе започнат со натпреварот помеѓу Такси Мече и Златара Бени и Ерол за бронзениот медал а ќе кулминираат со големото финале во кое ќе се сретнат Сатеска – АСП Пак со почеток во 22 часот.

Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 280 000 денари а индивидуални награди има за најдобар голман и стрелец.

OhridNews