Вечерва со почеток во 21 часот ќе започнат финалните натпревари на четвртото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал на вештачка трева „Климент Колески 2018“.
Во големото финале кое ќе започне во 22 часот и 30 минути силите ќе ги одмерат АСП Пак и Мистер И, додека во мечот за третото место кое ќе се одигра во 21 часот ќе се сретнат екипите на Александар Лачоски-Фудбал и Доктор Баткоски.
Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 300 000 денари, а индивидуални награди има за најдобриот стрелец и голман.
OhridNews