Денеска, со почеток во 21 часот ќе започне финалната разврска на 16-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2019“.
Благодарание на спонзорите Кадмо Лаунџ Бар, Плажа Канео, Хотел Тино и Хотел Сити Палас програмата за финалниот ден од 16-то издание на турнирот во мал фудбал кој се одржува во с.Велгошти по повод верскиот празник Св. Петка ќе биде збогатена со настапот на охриѓанецот Ѓоко Танески и мега популарниот бенд Next Time.
Во мечот за третото место кој ќе биде најава за големото финале ќе се сретнат Сатеска и Мате Маркет, додека во натпреварот вреден златен медал и титула силите ќе ги одмерат АСП Пак и Хотел Престол.
Наградата за победникот на турнирот изнесува 60 000 денари, а за второпласираниот 30 000 денари, за третопласираниот 10 000 денари, а четвртата екипа ќе добие 3 000 денари. Индивидуални награди има за најдобар играч и најдобар голман.
OhridNews