Изминатиот викенд беа финализирани активностите на општина Охрид од проектот „СУСТКУЛТ – Достигнување одржливост преку интегрирано управување со местата на културно наследство “.
Главните активности и реазултати од проектот, беа креираната и објавена ВЕБ-ГИС платформа , методологијата за планови за управување со културно наследство, тренинг обуки за подигнување на човечките капацитети во делот на планови за управување со културно наследство, изработката на план за управување на општина Охрид во делот на светското културно и природно наследство , односно бизнис план и маркетинг стратегија за управување со локалитетот „ Заливот на коските“ .
Инаку, проектот е финансиран од програмата за Југоисточна Европа на Европска Унија, а го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, заедно со уште 12 институции од Романија, Унгарија, Албанија, Грција и Словенија. Носител на проектот е е градот Венеција од Италија.
OhridNews