Подготовките за 43-то издание на меѓународниот ракометен турнир кој ќе се одржи во Струга од 12 до 15 август влегуваат во завршна фаза.


Од годинава турнирот ќе бележи голем напредок на организациски план бидејќи при крај се трибините, соблекувалните и дополнителни простории.


Следната година во план е реновирање и покривање на теренот со што би завршило „шминкањето“ на стадионот на „Женска Плажа“.


Металург и Вардар не се дел оваа година од турнирот, а македонската чест и гордост ќе ја бранит струмички Зомимак.

Фото : Ракомет24
Ohridnews