Последните денови се одбројуваат пред почетокот на 45-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, кој ќе се одигра од 12 до 15 август на теренот пред „Женска плажа“. Подготовките на теренот, трибините и подтрибинскиот простор се во завршна фаза и турнирот одново ќе блесне со сиот свој сјај.
– Трибината е готова и останува уште да се постават столчињата, додека потрибинскиот простор во кој се наоѓаат соблекувалните за играчите и официјалните лица е исчистен. Подлогата „Герфлор“ на терено ќе биде поставена следната недела, и со тоа ќе ги финализираме подготовките. – изјави претседателот на организациониот одбор, Сашо Србиноски.
Во екот на подготовките за најновото издание на турнирот, Србиновски и групата ентузијасти и вљубениците во ракометот во Струга фокусирани се на покривање на теренот и трибините. Планот и програмата се усвоени и одобрени од Влада, а зелено светло има и од градот Струга.
– Во скоро време треба да започне изградбата на новиот ракометен стадион, од кој ќе имаме бенефит сите, а не само стружани. Конечно, ќе имаме начин да му се спротиставиме на нашиот непријателот дождот кој секоја година ни е непосакуван гости на турнирот. Од година во година правиме напори да воведеме нешто ново и да го задржиме нивото на турнирот, кој опстојува 45 години. – додаде Србиновски.
Тој истакна дека прв пат струшкиот турнир ќе се одигра од сабота до вторник, а не од среда до сабота како што беше практика низ целата историјата. – Во својата историјата Меѓународниот ракометен турнир во Струга прв пат место од среда до сабота ќе се одигра од сабота (12 август) до вторник (15 август). Причините за ваквото поместување се познати, односно турнирот кој го закажа па го одложи Ракометниот клуб Вардар од 16 до 19 август. Ние веќе ги имавме контактирано и договоре екипите од странство и резервираме сместување кое неможевме да го презакажиме.
Годинава на турнирот ќе дебитира Ракометниот клуб Охрид, кој во групата се најде со турскиот Бешикташ и шведскиот Алингсас. „Гладијаторите“ мечевите ќе ги одиграат в недела и понеделник. Во втората група се наоѓаат Металург, минатогодишниот победник Шартр и домаќинот Струга.
Мх.П.