Финализираат градежните активности на крак од улиците “Дејан Војвода” и “Абас Емин”. Денес на терен се поставува афалтен слој на овој дел, откако претходно викендов беа завршени активностите на крак од улиците „Дејан Војвода“ и “Македонски Просветители”.
Претходно се поставија нова фекална и атмосферска канализација и се изврши приклучок на сите објекти до нови приклучоци.
Во рамки на проектот предвидена е и реконструкција на тротоарските површини со камени плочи и нови рабници, а дополнително се поставува и ново осветлување.
Вкупната вредност на проектот изнесува околу 14 милиони денари.
OhridNews