В четврток со почеток во 17 часот на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ екипите на Воска и Сатеска ќе го одиграат финалниот натпревар во Општинскиот куп.

Победникот и освојувачот на трофејот во Општинскиот куп следната сезона ќе има полно право да игра во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија.

Минатата година победник во Општинскиот куп беше тимот на Охрид кој во финалето го совлада тимот на Сатеска.

OhridNews