Историското финале помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата во престижното клупско натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес ќе се игра без присуство на гостински навивачи.

На ваков потег двете екипи се одлучија за избегнување на непосакувани инциденти кои ќе го стават дербито во финалето во втор план. Во најавата за финалето стоеше дека ќе биде дозволено навивачи од двете страни, но клубовите пресекоја и ставија точка околу шпекулациите.

Финалето има предзнак историско, бидејќи Бока и Ривер прв пат ќе ги одмерат силите во финалето на Копа Либертадорес кое е исто натпреварување како Лигата на Шампиони во Европа.

Првиот меч се игра на 10 ноември на стадионот од Бока, а реваншот две седмици подоцна на теренот од Ривер.

OhridNews