Утре (6 јули) и задутре (7 јули) на Европското првенство во фудбал ќе се одиграат полуфиналните пресметки по кои ќе бидат познати репрезентациите протагонисти во мечот за златен медал.
Полуфиналните возбудувања ќе стартуваат со дуелот Италија – Шпанија, кој окарактеризиран како финале пред финалето. Правдата на дербито во полуфиналето на ЕП ќе ја дели германскиот судија Феликс Брих.
На искусниот Германец покрај аут линијата ќе му помагаат сонародниците Борш и Луп. Арбитар во ВАР системот е Марко Фриц, а четврти арбитар е Русинот Сергеј Карасев.
Утрешниот натпревар се игра во 21 часот, на култниот англиски стадион „Вембли“.
OhridNews