Големото финале во кошаркаското првенстово помеѓу Фени Индустри и Струмица, според календарот за натпреварување ќе почне на 20. мај (вторник).
Според најавите од канцеларијата на Здружението, ќе се игра во ритмот вторник-петок.
Серијата на 20. мај почнува во Кавадарци, и тоа со предност на Фени Индустри од 1-0 поради подобриот скор во регуларниот дел.
Ќе се игра наизменично. На 23. мај домаќин е Струмица, на 27. повторно финалето се враќа во “Јасмин”.
Ако биде потребно, следниот дуел е на програмата на 30. мај во струмички “Парк”.
Во зависност од резултатот, натпреварот број 5 од финалето е предвиден за 3. јуни, а авентуалната “мајсторка” на 6. јуни во Струмица, под услов скорот во серијата да биде нерешен (3-3).