Финалниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона кој се игра во среда на Олимпискиот стадион во Рим, ќе го суди Масимо Бусака, објави УЕФА.
Бусака е меѓународен судија десет сезони и важи за еден од најдобрите на стариот континент.