Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи, иницираше финалето на Европското првенство во кое Италија ќе игра на 11 јули на „Вембли“ во Лондон да се гледа и на Олимпискиот стадион во италијанската престолнина.
Во предлогот доставен до Италијанскиот олимписки комитет, Раџи наведе дека финалето би се гледало на „Олимпико“ со почитување на сите здравствени протоколи поврзани со коронавирусот.
Стадионот би бил отворен за ограничен број на гледачи, кои ќе треба да бидат вакцинирани против Ковид-19, а финалето би го гледале на големите екрани поставени на „Олимпико“.
Италија завчера обезбеди пласман во финалето на Европското првенство, совладувајќи ја Шпанија на пенали, а за противник ќе ја има Англија која славеше над Данска.
OhridNews