Стадионот Маракана во Рио де Женеиро ќе биде домаќин на годинешното финале во Копа Либертадорес, додека натпреварот за трофејот во второто по ранг јужноамериканско клупско натпреварување во фудбал – Копа Судамерикана ќе се игра во Монтевидео, одлучи КОНМЕБОЛ.

Маракана беше домаќин на финалето во Копа Либертадорес во 2020., а овогодишното финале е на програмата на 11 ноември.

Одлуката на кој стадион во Монтевидео ќе се игра финалето во Копа Судамерикана ќе биде донесе подоцна оваа година. Финалето ќе се игра на 28 октомври.

OhridNews