Сега е вистински момент да си купите ексклузивна облека по екстра прифатливи цени. Концепт шоп „Румор“ викендов изврши финално намалување на цените до 70 % на модните парчиња облека креирана од светски познатите дизајнери и брендови: Ристо, Монографи, Елле, Румор.

Количините се ограничени.

Исто така на попуст во февруари во „Румор“ се и „We are owls” шарпите- изработени од големи парчиња најквалитетен кашмир и рачно печатени, како и накитот на Џуми Лим.

„Румор“ е единствениот мулти бренд во регионот кој ја носи високата мода од Њујорк и Париз кај нас. Уникатните креации на познати модни креатори се продаваат по цени прикладни за македонскиот пазар, што „Румор“ го прави неоддолив моден избор. Покрај ова „Румор“ стартува и сопствена колекција „Rumor“, која се произведува во Охрид со висококвалитетни материјали специјално изработени во Италија. 

„Румор“ е лоциран на булеварот „Туристичка“ во зградата „Печијаре“ веднаш до здравствената ординација „Дарон“.

OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ