Со атлетски митинг што ќе се одржи на 6.6.2007(среда) година на СРЦ „Билјанини извори“,ќе бидат заокружени активностите на Школата за атлетика во која се вклучени и 24 ученици од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид.
Проектот што преку Атлетската федерација на Македонија го подготвија неколку поранешни атлетичари, се реализира преку програмата за развој на атлетскиот спорт на Европската атлетска асоцијација. Тааа обезбеди грант од 13.000 швајцарски франци, а проектот го помогнаа и Агенцијата за млади и спорт, МОК и бројни спонзори.
се е подготвено за атлетскиот митинг во Охрид
Целта е развој на атлетиката и приближување на овој спорт кон младите на 11 годишна возраст, која се смета за идеална за почеток на спортска кариера, вели Иван Цветкоски, проект менаџер. На финалниот атлетски митинг на Школата за атлетика учество ќе земат 72-ца ученици од три основни училишта од земјава, кои ќе се натпреваруваат во 6 дисциплини. Покрај натпреварувачкиот дел предвиден е и забавен дел, наградна игра и многу други изненадувања за посетителите, најави Цветкоски кој изрази надеж дека времето ќе ги послужи младите натпреварувачи. “Целта поради која инсистиравме финалниот митинг да се одржи во Охрид е преку успешна организација да се обидеме да издејствуваме помош од Интернационалната атлетска аоцијација за изградба на тартан патека на СРЦ „Билјанини извори“, рече Цветкоски.
охридските атлетичари
ОУ Григор Прлишев на атлетскиот митинг ќе настапи со 24 натпреварувачи кои беа селектирани од околу 100 петтоделенци кои беа вклучени во првата фаза од проектот, информираше професорот по физичко образование, Гоце Тасески. Тој рече дека учениците напорно тренирале во изминматите пет недели и дека се подготвени за освојување медали. „Се надевам дека ќе ги озвоиме во голем број, но уште повеќе дека голем дел од овие ученици и натаму ќе родолжат да се занимаваат со атлетика и ќе се преточат во АК „Охрид“ каде ќе постигнуваат врвни резултати, што беше и наша основна цел“, рече Тасески.
целта е младите да продолжат да спортуваат
Финалниот митинг на Школата за атлетика започнува во 15:30 ч. на СРЦ Билјанини извори.
Г. Момироски