Екипите на АСП ПАК и Сатеска вечерва ќе ги одмерат силите во финалето на 49-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2024“ во Мешеишта, со што ќе биде спуштена завесата на уште едно успешно издание на оваа позната споортска манифестација.
АСП ПАК до финалето стигна по победата над Инекс Олгица со резултат 3:1, додека втората полуфинална драма ја доби екипата на Сатеска која славеше во мечот со Кафе бар 9 со 3:2 по изведување на пенали.
Финалето на турнирот ќе се одигра во вечерниот термин од 22:30 часот.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 220 000 денари и тоа:
1 место 120,000 денари
2 место 60,000 денари
3 место 30,000 денари
4 место 10,000 денари
Покрај пехари и медали за првите три позиции, ќе бидат врачени и награди за најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец, како и награда за најдобар млад играч “Јован Николоски”.
OhridNews