Се’ е подготвено за големото финале во Купот на УЕФА. Градскиот стадион во Манчестер е арената каде ќе се судрат рускиот Зенит и Шкотските Ренџерси.
Рускиот тим кој во полуфиналето го прегази Баерн Минхен ќе биде хендикепиран за неиграњето на феноменалниот Погребњак, најзаслужниот за ова финале (инаку најдобар стрелец сезонава во УЕФА со 10 гола), кој поради непромислен старт во реваншот со Баерн во 76 минута заработи втор жолт картон.
Холандскиот стратег на клупата на Зенит, Дик Адвокат во периодот од 1998 до 2002 го тренираше токму клубот од „Иброкс“ со кој во три и пол сезони освои две титули и два Купа.