Првото полуфинале помеѓу Марлин и Скопско помина во знакот на атомскиот фудбал со две продолженија и дури девет погодоци. По мирниот вовед во натпреварот во 15 минута играчите на Марлин, преку Фармак стигнаа до 1-0 предност. Tри минути подоцна на 2-0 со првиот гол на мечот зголеми Лолески. Шулески ја врати во игра екипата на Скопско, а со звукот на сирената Пластиноски го зголеми водстовото на 3-1, резултат со кој се замина на одмор.
Најубавиот погодок на мечот го видовме во 28 минута кога по корнерот на Шулески , прекрасен “волеј“ зафати Ѓоршески намалувајќи на 3-2.. Следуваше најдолгиот период во мечот без погодок, а монотонијата ја разби Лолески со вториот погодок на мечот за повторна “двојна“ предност 4-2. Но само што тргнаа од центарот, Скопско преку Матески намали на 4-3. Недозволеното опуштање скапо ја чинеше екипата на Марлин која си дозволи луксуз и во финишот на мечот Мурџоски го израмна резултатот на неверојатни 4-4.
Следуваа дополнителни продолженија два пати по пет. На стартот на првото продолжение Мурџоски со глава за прв пат во мечот ја доведe екипата на Скопско во водство. Нападите пред голот на Скопско се редеа како на филмска лента, но одличните интервенции на Гиноски му обебзбедија на тимот на Скопско пласман во финалето.
– Знаевме дека не очекувам вака тежок натпревар. Стиснавме заби и успеавме во финишот да се радуваме на влез во финалето. Се надевам дека публиката уживаше во натпреварот и фудблот кој го гледаше. Мора да напоменам дека нема да беше не заслужено во финалето да влезеше и нашиот противник –рече по завршувањето на мечот Љупчо Митрески од тимот на Скопско.
Противник на Скопско во финалето ќе биде тимот на Вис Пој кој во второто полуфинале го совлада Бекче со 3-1. По фудбалскиот “шах“ по првото полувреме на теренот во салата, први до вистинскиот потез во вториот дел дојдоа играчите на Бекче кои преку Гоце Маркоски стигнаа до 1-0 предност. Се отвори играта а по еден карамбол среќно топката од Пазаркоски заврши во мрежата за израмнување 1-1. Повторно следуваше тактичко надмудрување но овај пат тимот на Вис Пој беше тој кој стигна до нов погодок за водство од 2-1. Бекче фрли се на една карта, но точка на мечот стави Ѓорѓиески поставувајкчи ги конечните 3-1 , трасирајќи го влезот во финалето за екипата на Вис Пој.
– Заслужено стигнавме во финалето. Не ја загубивме главата при 0-1 и со стрплива игра успеавме да го завртиме резултатот во наша корист. И се заблагодарувам на екипата на Бекче за фер и коректниот натпревар – рече Дејан Стефаноски од екипата на Вис Пој.
Финалниот натпревар помеѓу екипите на Скопско – Вис Пој се игра в Четврток со почеток во 21 часот.
Мечот за третото место во кој ќе играат Марлин – Бекче се игра во 19 часот.