Суперлигашките екипи Охрид, Тинекс Пролет и Прилеп заедно со аутсајдерот Вардар 2 во „Билјанини Извори“ ќе бијат жестока битка во 1/4 финалето од Купот на Македонија за билетот кој води на завршниот турнир.


Полуфинална пречка за „гладијаторите“ е секогаш незгодната екипа на Тинекс Пролет која после две години претрпе пораз во Охрид.

Сезонава, охридските ракометари два пати беа подобри од Тинекс Пролет, а ќе мораат да го сторат истото уште еднаш ако сакаат да се борат за пласман на Ф4 турнирот.


Овој меч е „живот или смрт“ и за „пролетерите“ кои единствен спас за неуспешната сезона во Супер лигата гледаат во Купот на Македонија.

Охриѓани покрај фаворитската улога ќе ја имаат и поддршката од публиката која е осмиот играч на клубот кој пишува историски страница во охридскиот ракомет.

Двојки:

Сабота (1/2 финале):

18ч: Прилеп – Вардар 2

20:15ч: Охрид – Тинекс Пролет

Недела (финале):

19ч: Прилеп – Вардар 2 / Охрид – Тинекс Пролет

Мх.П.