Во финалето на 19 издание на традиционалниот турнир во мал фудбал во Велгошти, што ќе се одигра вечерва, ќе се сретнат екипите на Кафе бар 9 и Бел Мерцедес.

Финалето почнува во 22 часот.

Во борбата за третото место, пак, од 21 часот ќе играат екипите на АСП ПАК и Дооел Ноче.

Освојувачот на турнирот ќе добие 130.000 денари, второпласираната екипа 55.000 денари, третата 30.000 денари, а четвртата 5.000 денари. Ќе бидат доделени и пехари за најдобар играч и голман.

Г.М.