Минатогодишнот финалист Струмица е последниот патник во полуфиналето на македонскиот “final 8“ турнир. Во крајно неизвесен натпревар во последното ¼ финале Струмица со 98-95 го совлада охридскиот АМАК СП.

Спориот старт на почетокот на мечот по кој профитираа струмичани, огромната разлика по првиот период (35-18) како и неверојатната реализација од линијата за слободни фрлња (91 %) се покажаа клучни во триумфот на “чушкарите“. Благодарение на огромната  желба и пожртвуваност, охриѓани во продолжението  не само што се вратија во игра него и во финишот на мечот во неколку напади имаа можноста да дојдат до водство, но ударите на Тејлор, Тасески и Фрај не ја погодија целта.

Уште една одлична престава на охриѓани кои се покажаа во светло издание на трунирот во Кавадарци. И по второто учество на завршницата на купот, АМАК СП натпреварите ги завршува во ¼ финалето. И минатата и оваа сезона охриѓани не успеаваат преку Струмица до наредната фаза.   

Во останатото четврт финале Пелистер – Неготино 93-53.

Распоред на натпревари:
14 март (петок)
полуфинале – жени
14.30 Вигор Скопје – В.Лисици

полуфинале – мажи
17.30 Фени Инд – Ф.Работничи
20.15 Струмица – Пелистер
 
15 март (сабота)
17.00 ФИНАЛЕ – ЖЕНИ
20.15 ФИНАЛЕ – МАЖИ