Госитете долго ќе жалат и ќе ја прегледуваат лентата каде згрешиле, и како загубија добиен натпревар кој го контролираа речи си во текот на сите 40 минути. Ситуацијата им избега од контрола во последанта минута, односно во последниот напад кога Самарџиев со неверојатен удар погоди за три, за делируим на 3.000 гледачи, кои ја почнаа прославата.
– Пресреќен сум. Првиот дел од нашиот план е исполнет, останува сега да се бориме за шампионската титула. Игравме слабо три четвртини, играта не одеше. Во финишот одигравме подобра одбрана, тргна и шутот, на крајот не послужи и малку среќа, и успеавме. – беше коментарот на тренерот на Фени Индустри, Емил Рајковиќ.
Самарџиев стана МВП, Богоев од Струмица 2005 е најдобар одбранбен играч, а Доналд Кол од Фени Индустри, со 63 постигнати поени, е прв стрелец на турнирот.
– Им ја честитам победата на Фени Индустри. Жал ми е за пропуштената шанса. – изјави тренерот на Струмица 2005, Јорданчо Давитков.
За играчите на Фени Индустри, Горан Самарџиев и Марјан Ѓуров, ова беше 6. Куп по ред, откако предтодно 4 пати по ред триумфираа со Фершпед Работнички, а лани и со Вардар Осигурување.