Втора година по ред охридската Билјана 006 е учесник во завршницата на македонскиот куп. Минатата година беа елиминирани во полуфиналето од Вигор, додека оваа година охриѓанки се надеваат да отидат чекор понатаму и да изборат влез во финалето .
– Одиме на победа во полуфиналето против Младинец – вели капитенот Балазоска. Добро ги познаваме кошаркарките на Младинец, нема да биде лесно но ќе се обидеме да го искористиме акумилираното искуство за да стигнеме до медал од Купот – завршува Балазоска.
Натпреварот се игра во 14.30 минути.
По синоќешниот прв ден познати се првите полуфиналисти на финалниот турнир. По голема битка седум кратниот куп освојувач Работнички го елиминираше бранителот на трофејот Вардар О. со 89-79. Домаќинот на трунирот и главниот фаворит за освојување на трофејот Фени Инд. со идентични 10 поени разлика го совлада МЗТ Фон 98-88.
Распоред на натпреварите :
Денес :
полуфинале – жени
14.30 Билјана – Младинец
четвртфинале – мажи
17.30 Пелистер – Неготино
20.15 Струмица – АМАК СП
14 март (петок)
полуфинале – жени
14.30 Вигор Скопје – В.Лисици
полуфинале – мажи
17.30 Ф. Работнички – Фени Инд.
20.15 2. НАТПРЕВАР
15 март (сабота)
17.00 ФИНАЛЕ – ЖЕНИ
20.15 ФИНАЛЕ – МАЖИ