– Радосен сум поради победата. Притисокот на играњето пред домашна публика беше огромен со оглед на големите очекувања. Во овој период бевме слаби во одбраната, но како што одеше натпреварот, влеговме во ритам, и успеавме на крајот да забележиме триумф. – изјави тренерот на Фени Индустри, Емил Рајковиќ .
Противникот на Фени Инд., Струмица втора година по ред ќе игра во финалето. Струмичани ја оправдаа фаворитската улога во мечот со Пелистер доминираа во текот на мечот совладувајќи ги битолчани со 85:68.
– Во финалето играме против Фени Индустри. Тие се фаворити поради домашниот терен, не мислам дека се непобедливи. Очекувам финалето да биде празник на кошарката. – изјави тренерот на Струмица, Јорданчо Давитков.
Кошаркарска историја ќе се пишува на 16-то по ред. финале (20.15 МТВ пренос ). За прв пат во финалето на купот ќе играат две екипи кои не се од главниот град. За било која од екипите ова ќе биде деби триумф во Купот.
Во женското финале кое се игра во предигра на машкото (17.30) ќе играат Вигор Скопје – Младинец .