Овие две екипи играа и во минатогодишното четврт финале, во кое тогаш струмичкиот лигаш се извлече против младиот охридски тим 83-79.
Дојде време за наплата велат охригани кои веруваат во своите квалитети и не скирено атакуваат на куп титулата.
– Имаме големи шанси да изненадиме со Струмица и да играме финале со Фени Индустри, а единствената предност на Кавадарчани ќе биде домашниот терен. Во нашиот тим постои расположение, атмосферата е на високо ниво, а во тимотсе врати Дамјан Стојановски сега комплетни ќе го нападнеме трофејот. Ќе направиме седа го донесеме трофејот во Охрид -вели капитенот Ангел Тасески
На останатиот ¼ меч играат Пелистер и Неготино. Победниците од овие два дуела ке ја дадат втората полуфинална двојка.