По професија електро инженер, но интересите кон филмот, музиката, сликартството, фотографијата, уште од најрана возраст, подоцна си го пронашле своето место во кариерата на Ѓоко Симјаноски.

Овие начела станале главна преокупација во неговиот живот од едноставна причина што кариерата во таа област ја започнал како надворешен соработник во радио охрид цели 32 години, каде се докажал како водител, уредник итн.

Приказната преку која најмногу го знаат Симјаноски и го поврзуваат неговиот лик и дело е токму емисијата за филм „Филмско Око“ која траела цели 22 сезони, од октомври 1996та до јуни 2018та, правејќи вкупно 878 епизоди.

Ѓоко симјаноски направил и неколку документарни филмови со тематика за филмот во охрид: „Охридско кино парадизо“; „Песната како повод за разговор“ 1 и 2 ; „Охридските брилијанти“ ; „Живот како виножито“.

Исто така 40 години се дружи со сликарството и 10 години веќе е активен член на Фото Клубот „Охрид“.

Повеќе за извонредната кариера на овој уметник и искуството низ неа, како и некои правци според него кои можат да ни помогнат во функционирање на работите на ниво на еден град, во културата во уметноста, погледнете во новата епизода на „Обични Херои“, бидејќи има што да се слушне и да се научи од еден ваков великан.

Филмското око на охриѓанецот Ѓоко Симјаноски

OhridNews