Охрид во наредните седум дена од утре, ќе биде домаќин на младите филмаџии од регионот, кои ќеучествуваат на филмската работилница“Cinema Dance”, што ја организира Факултетот за филмска и телевизиска уметност – ФАМУ, Прага, Република Чешка, .Преку популарната работилница “Cinema Dance” 7 филмски академии низ 7 дневно дружење ќе изработат 7 кратки филма во обид да го збогатат регионалниот интеркултурен дијалог .

“Cinema Dance” работилницата е тековна активност на ФАМУ, која функционира како подготвителна педагошка алатка наменета за обука на “млади филмаџии” почетници, во рамките на структуиран и поддржувачки “boot camp” кој ги промовира креативноста и мултикултурната соработка. Традиционално работилницата вклучува студенти од различни  националности и области од филмската дејност. Овогодинешната “Cinema Dance” работилница, која ќе се одржи во Охрид (и за прв пат на балканските простори), ќе вклучува студенти од филмските академии од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Албанија, како и од реномираната филмска академија ФАМУ од Чешка.

“Cinema Dance” започнува со т.н. “импровизиран танц” кој симболизира рушење на бариерите и помош во меѓусебното запознавање и зближување на студентите од различни националности. Атрактивната и специфична филмска работилница “Cinema Dance” влече корени од САД, уште од раните 60-ти години на минатиот век. Првиот ваков собир, иако тогаш под друго име, бил дизајниран во еден извиднички камп во близина на Њујорк со цел тогашните студенти да научат како меѓусебно да соработуваат, со минимална филмска опрема, под притисок и во тешки услови надвор од универзитетскиот кампус. Оттогаш па сî до денес популарноста на “Cinema Dance”повеќе расте, а во филмските кулоари струјат муабети дека учество во неа своевремено земале и легендарни режисери како Ларс Фон Трир, Џорџ Лукас и Френсис Форд Копола. Сиот мистицизам околу работилницата, конечно, во 2003-та на хартија го ставаат и го отелотворуваат професорите од ФАМУ, Томаш Петран и Павел Јех кои заедно со професорот од Колумбија Универзитетот, Брендан Вард и неговите американски студенти, истата година ја организираат првата официјална работилница во Јужна Бохемија. До сега, ФАМУ има организирано  15 “Cinema Dance”настани, во три различни земји на кои биле вклучени стотици студенти од Европа, Јужна и Северна Америка, Азија и Пацификот.

ohridnews