По повод 77 години од раѓањето на Љубиша Георгиевски и 55 години од неговото творештво, Кинотека на Р. Македонија и „Охридско лето“ организираат филмски маратон во кој се вклучени сите играни филмови на режисерот.

„Ова е само увертира во еден поголем проект кој  го подготвува Кинотека, а се однесува на дигитализација на неговите филмови (вклучувајќи ги и неговите кратки филмови) кои на крајот на годината ќе се најдат и на ДВД-едиција.“ – велат од „Охирдско лето“.

Љубиша Георгиевски е роден на 30 мај 1937 год. во Битола. Дипломира режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Филмската кариера ја започнува 1963 година, како корежисер на филмот „Под исто небо“, со Миодраг Мики Стаменковиќ. Во периодот од 1968 до 1970 година ги режира самостојно своите три играни филма: „Планината на гневот“, „Републиката во пламен“ и „Цената на градот“, по што сосема му се посветува на театарот.

Настанот е закажан за денес на сцената во НУ „Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток од 17:00 часот.

OhridNews