Во Прага, во популарното кино Аеро, започнал кучешкиот филмски фестивал на кој се добредојдени и сопствениците и нивните кучиња. За занимација на кучињата ќе бидат пуштани посебни сцени, како што е на пример пливањето на риби во аквариум. Во четирите фестивалски дена на репертоарот се сите можни филмови на кои се појавуваат кучиња или волци, а главен хит е филмот „Танц со волците“ со Кевин Костнер во главната улога.


Вечерните проекции биле резервирани за филмовите „Леси“ и серијата „Комесарот Рекс“, а фестивалот ќе биде затворен со хоророт „Вркодлак“. Кучињата за разлика од сопствениците не плаќаат влезници, а организаторите се погрижиле звукот да не им го оштети слухот.