Кошаркарите на Црвена Ѕвезда ја освоија титулата во националниот шампионат во Србија совладувајќи го градскиот ривал Партизан со 3-1 во победи во финалната серија.

„Црвено белите“ до победата вредна титула во четвртиот натпревар стигнаа на филмски начин откако Били Берон погоди за два поени со звукот на сирената.

Првата и втората четвртина поминаа во знакот на Партизан кој стекна осум поени предност. Се она што градеше Партизан во првите две четвртини противникот успеа да го надополни во третиот квартал. Во последните десет минути „ѕвездашите“ постигнаа поен повеќе и го направија клучниот триумф за титулата.

Црвена Ѕвезда петти пат во серија кошаркарски ја покори Србија, додека Партизан не успеа да го повтори успехот од Купот и да го симне ривалот од тронот.

OhridNews