Љубителите на филмот вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да го погледнат два филмови од кинеска продукција. Во 19 часот ќе биде прикажан филмот „Нарушувајќи ја тишината“, а во во 20:45 часот „Мој личен мечувалец“.
Филмовите се прикажуваат во соработка со продукциската и дистрибутерска куќа „КТ Филм и Медиа“ преку проектот „Ревија на светските кинематографии. Целта е да се изгради културен мост меѓу Македонија и Кина и да се доближи кинескиот филм до македонската публика.
Според предвиденото ,во текот на утрешиот ден во Охрид ќе бидат прикажани уште три филмови. Во 17:30 часот ќе биде прикажан филмот „Лотосов фенер“, во 19 часот „Мал голем војник“ и во 20:45 часот филмот„Двајца стануваат еден“.
Влезниците за филмските проекции чинат 50 денари.
OhridNews