Осмото продолжение на филмовите за малиот волшебник заработил 1,33 милијарди долари во кината ширум светот во изминатава година. Продажбата во американските кина оваа година била помала за 500 милиони долари во однос на минатата, а филмските аналитичари тврдат дека во 2011 година немало таков голем хит каков што во 2010 бил „Аватар“.
Сепак, три филма со својата заработка ја надминале границата од милијарда долари. Прв на листата бил последното продолжение на приказната за волшебникот Хари Потер со 1,33 милијарди долари, а потоа следел “Transformers: Dark of the Moon”, кој заработил 1,12 милијарди долари. Третиот успешен филм бил најновото продолжение на „Пиратите од Карибите“.