Денеска и утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ охридската публика ќе може да го проследи најновиот филм трилер-комедија на битолското драмско студио „Солзи и смеа“ насловено како  „Умри машки“.

Филмот кој е екранизација на текстот на Алдо Николај, а во режија на Александар Димитровски, се снимаше во Битола, Преспа и Мариово.

Почетокот на проекциите е во 20 часот, а влез е 100 денари.  

OhridNews