Центар за култура „Григор Прличев“
Од 22.09.2022 - 20:00 до 22.09.2022 - 21:30
Косовскиот филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 21 и 22 септември 2022 година со почеток во 20 часот, цена на карта 100 денари.
Филмот „Улиште“ е за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма, информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“.
Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција“ и продуцентите Кристијан Буровски и Томи Салковски.
OhridNews