Најновото филмско остварување „Три во eдно“ на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажан во сабота на 12-ти септември со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Според најавите кино проекции на филмот ќе има во на 13-ти, 14-ти, 15-ти, 16-ти и 17-ти септември, исто така почеток 20.00 часот, а влезниците чинат 100 денари.

Филмот е урнебесна комедија од три различни приказни на една иста тема:Љубов и Неверство.

Сценарио и режија на Коле Ангеловски. Директор на Фотографија е Антонио Божиновски, а во филмот играат актерите: Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Марија Спиркоска Илијески, Наташа Наумоска, Марјан Чакмакоски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцорски, Катерина Чакмакоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Александар Степанулески, Никола Настоски и други.

Дистрибутер на филмот е КТ Филм и Медиа од Скопје.

OhridNews