Официјалните лица на филмското студио “Disney” изјавија дека од филмот “The Lone Ranger” ќе имаат загуба од $160 до $190 милиони долари.
Филмот во кој главните улоги имаат Џони Деп и Арми Хамер чинел $215 милиони долари, а од неговата премиера на 3ти јули па до денеска има заработено само мал дел од вложените средства.
Џони Деп за медиуми изјави дека филмските критичари придонеле овој филм да не го достигне својот потенцијал но причините за лошите коментари за него останале непознати.
Иако оваа загуба за “Disney” е значајна сепак не е преголема бидејќи последните информации за профитот покажуваат добивка од $1,8 милијарди долари.
OhridNews