Љубителите на филмската уметност од вечерва до 29-ти ноември 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можнст да го погледнат филмот „Татко“ во режија Висар Морина.
Во филмот се раскажува за десет-годишниот Нори и неговиот татко кои заработуваат за живот преку продажба на цигари во периодот пред војната на Косово во 90-тите години. Неговата мајка го остава семејството и неговиот татко сака да бараат подобар живот во Германија. Нори чувствува постојан страв дека татко му ќе го остави. Уништен, а сепак решен, момчето ќе тргне на долго и опасно патување….
Почетокот на проекциите е во 20.00 часот, а влезниците ќе чинат 100 денари.
OhridNews