Центар за култура „Григор Прличев“
Од 30.04.2019 - 19:00 до 30.04.2019 - 21:00
На 30 април во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 19 часот, премиерно ќе биде прикажан филмот „Ругање со Христос“ во режија на Јани Бојаџи.
Улогите во филмот ги толкуваат: Љупчо Тодоровски, Јоана Пилуху (Грција) Мето Јовановски, Јоана Поповска. Музиката е на Горан Трајкоски (Анастасија, Мизар).
На проекцијата ќе присуствува режисерот Јани Бојаџи како и дел од актерската екипа на филмот. После проекцијата, режисерот и актерите ќе одговараат на прашања на публиката.
OhridNews